Најчесто поставувани прашања
Најчесто поставувани прашања
Електричната топлинска пумпа работи како експрес лонец, така што ја загрева водата до вриење и ја претвора во пареа. Бидејќи пареата не може да излезе надвор, сè повеќе честички на пареа делат се помалку простор. Притисокот расте, а со тоа и температурата на водената пареа. Храната се готви побрзо. Меѓутоа, во топлинската пумпа во пареа, наместо вода се претвора специјалното разладно средство. А за тоа се доволни ниските температури на околината. Притисокот толку ја зголемува температурата на пареата на разладното средство штo можете да ја искористите таа топлина за греење и да заштедите до 75 проценти од фосилните горива. Уверете се самите!
Кој ја инсталира и одржува топлинската пумпа?
Нашите топлински пумпи ги инсталираат нашите овластени инсталатери. Vaillant-овите овластени инсталатери имаат високо ниво на техничко знаење и нудат исклучителен квалитетна услуга на секој чекор од својата работа. Тие поминуваат обука во нашиот едукациски центар преку теоретска и практична работа и се запознаени со сите процеси и постапки поврзани со гаранцијата на Vaillant.
Каде е инсталирана топлинската пумпа?
Внатрешните единици од топлинска пумпа обично се инсталираат во подрумска котлара или помошна просторија, исто како и другите системи за греење. Во овие простории, уредите може да се инсталираат во близина на ѕидот или во агол. За топлинска пумпа воздух/вода, освен внатрешната единица, потребна е и надворешна единица. Најчесто се поставува во градината, дворот, на покривот на гаражата.
Која топлинска пумпа е најдобра за мене?
„Која топлинска пумпа е најдобра за вашиот објект зависи од многу фактори, на пример:
• Дали се работи за новаградба или модернизација?
• Колку луѓе живеат во вашето домаќинство?
• Колку вода трошите?
• Дали имате на располагање градина?
• Дали ви е дозволено во вашата парцела да правите бушотини до подземни води?
Во фазата на дефинирање на идејата потребно е да се одговори на овие и многу други прашања со цел вашата топлинска пумпа да биде прецизно проектирана според вашите потреби.
Без разлика дали ќе се одлучите за воздух, земја или подземна вода како извор на топлина, Vaillant ви нуди можност да предвидите совршено греење и ладење со топлинска пумпа за вашата куќа или станбена зграда.
Зошто да изберете топлинска пумпа?
Топлинските пумпи имаат многу предности и ви даваат добро чувство дека ја правите вистинската работа за себе и за околината.
• Независност: Топлинската пумпа ве прави независни од промената на цените на енергијата на фосилните горива.
• Еколошка освестеност: Речиси да немаат штетни влијание на околината.
• Ниски трошоци за греење: Заштедете до 75% на фосилните горива.
• Флексибилност: уживајте во придобивките од загревањето на вашиот дом, како и опционално топла вода и ладење на стамбениот простор. Своето греење можете да го претворите во хибриден систем и по барање можете да вклучите и други обновливи извори на енергија.