Продолжена комерцијална гаранција за топлински пумпи

Безгрижно и безбедно
Зошто да ја активирате Програмата за договорна продолжена комерцијална гаранција?
Дополнителната договорна „Програма за проширена комерцијална гаранција на Vaillant“ може да се склучи во рок од 6 месеци од датумот на купување на производот или датумот наведен на фактурата за купување на производот, за сите топлински пумпи aroTHERM купени по 01.05.2026 година. Во програмата за продолжена комерцијална гаранција, корисникот добива дополнителна гаранција за беспрекорно работење на својот производ.
Крајниот корисник има можност да избере две опции за продолжена гаранција: за пет години (2+3) или за седум години (2+5). Дополнителната договорна програма за продолжена гаранција важи и започнува да тече од првиот ден по истекот на оригиналната комерцијална гаранција на производителот и важи за сите топлински пумпи aroTHERM split plus, aroTHERM split, aroTHERM pure, aroTHERM plus и поврзаната внатрешна единица што го содржи корисничкиот интерфејс неопходен за функционално работење на топлинската пумпа (надворешна + внатрешна единица).
Купениот производ мора да биде ставен во употреба од страна на овластен сервис на Vaillant. Со склучувањето на договорот, корисникот се обврзува да изврши еден редовен сервис кај овластен сервисен центар за петгодишната опција „2+3“, или два редовни сервиси за седумгодишната опција „2+5“.
Договорот може да се склучи преку Овластен сервисен центар на Vaillant, со пополнување на дигиталниот образец за договор, од 01.05.2026 година.
За сите дополнителни информации, контактирајте ја е-поштата info@vaillant.com.mk или јавете се на + 389 2 20 30 170.
Важат само Општите услови и одредби на продолжената гаранција.
Како да добиете договорна продолжена комерцијална гаранција?
Продолжете ја вашата гаранција во четири едноставни чекори .
- 1/4
Проверете го датумот на купување (производот е купен по 01.05.2026 година и не е постар од шест месеци)
- 2/4
Контактирајте го овластениот сервис на Vaillant што го пуштил на работа системот, за активирање на договорот.
- 3/4
Извршете плаќање според понудата добиена од Ваилант ДООЕЛ Скопје
- 4/4
Извршете еден редовен сервис за петгодишната опција (2+3) или два редовни сервиси за седумгодишната опција (2+5). За детални информации, прочитајте ги Општите услови за 5 години или 7 години.
Цена за продолжена гаранција
Која е цената на договорна продолжена комерцијална гаранција?
| Опција од 5 или 7 години | Цена (со ДДВ) |
|---|---|
| Опција од пет години (2+3) | 216 € |
| Опција од седум години (2+5) | 300 € |
Производи
Кои производи се вклучени во Програмата за продолжена комерцијална гаранција?
Кои производи се вклучени во Програмата за продолжена комерцијална гаранција?- Топлински пумпи - aroTHERM Plus
- Топлински пумпи - aroTHERM Split plus
- Топлински пумпи - aroTHERM Split
- Топлински пумпи - aroTHERM Pure

Надворешна единица:
- aroTHERM plus надворешна единица воздух/вода топлинска пумпа - VWL 45/6 - 155/6 A S3
Во комбинација со внатрешна единица:
- Внатрешна ѕидна единица aroTHERM plus - VWZ MEH 97/6 MB7
- Контролна единица aroTHERM plus - VWZ AI MB7
- Внатрешна подна единица uniTOWER plus - VIH QW 190/6 MB7
- Внатрешна подна единица uniTOWER plus - VIH QW 190/6 E MB7




